ШАМАР ЗА ТРАМП ОД ЕРДОГАН: Господине Трамп, не можете да не купите со вашите долари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека САД не можат да го купат гласот на Турција во ОН по прашањето за Ерусалим и изрази надеж дека светот ќе и одржи лекција на Америка

„Господине Трамп, не можете со вашите долари да ја купите демократската волја на Турција“, рекол Ердоган, откако претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе ја укине помошта на земјите кои ќе ја поддржат резолуцијата на ОН против САД, пренесува Ројтерс.

Генерално Собрание на Обединетите нации ќе се одржи денес, на барање на арапските и муслиманските земји, итна вонредна седница за нацрт резолуцијата со која САД се повикуваат да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим како израелска претстолнина.

„Се надевам и очекувам дека САД нема да добијат резултат каков што очекуваат и дека светот ќе им одржи добра лекција на Соединетите Држави“, рекол Ердоган.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This