April 16, 2024, 11:54 am

Шамap за САД: Папата одби да се сретне со Мајк Помпео

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан објави дека го одбил барањето на Мајк Помпео за аудиенција кај папата Франциско и го обвини државниот секретар на САД дека се обидел да ја вовлече Католичката црква во претседателските избори во САД, оцѕдувајќи ги односите на Ватикан со Кина.

Забелешките на Ватикан уследија откако Помпео во серија објави на Твитер ја обвини црквата за нарушување на нејзиниот мопален авторитет преку обновувањето на договорот со Кина за назначување бискупи.

Помпео, кој денеска престојува во Рим и треба да се сретне со официјални претставници на Ватикан во четврток, уште еднаш ја осуди Кина на конференцијата за верски слободи организирана од амбасадата на САД.

Двајцата главни дипломати во Ватикан, државниот секретар и кардинал Пјетро Паролин и надбискупот Пол Галагер, изјавија дека папата Франциско го отфплил барањето на Помпео за средба бидејќи не сака да се состанува со политичари пред избори.

„Да, тој побара. Но, папата веќе јасно стави до знаење дека не прима политичари за време на избори. Тоа е причината“, рече Паролин.

Ватикан и Пекинг потпишаа двегодишен договор за назначување кинески бискупи. Тој договор истекува следниот месец, но треба да биде обновен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This