ШАНСИТЕ ЗА ДАТУМ СЕ ПОМАЛИ: Нема датум за преговори со Албанија во октомври, истото ќе се случи и со Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И дефинитивно Албанија нема да добие датум за преговори овој октомври како што беше најавувано. Германскиот Бундестаг одлучи дека за Албанија да отпочне преговори треба да исполни 9 услови кои се повразни со политичката криза, реформи во правосдуството и слободни избори.


Според инфорамциите на албанските медиуми станува збор за процес во две етапи, а во втората етапа во јануари од Европската Унија ќе донесат одлука дали Албанија ги исполнила гореспоменатите услови.

Ова недела германскиот Бундестаг ќе треба да одлучи дали е за почеток или не на преговорите на Македонија за интеграција во ЕУ. Гласот на Германија е важен бидејќи беше причина за одложување на датумот за во јуни.

Албанија е важна при европската приказна на Македонија со оглед на тоа што нашите две држави се наоѓаат во истиот пакет за членство во Унијата. Тоа значи дека доколку Албанија не добие датум за преговори овој октомври многу веројатно е дека тоа нема да се случи ни со Македонија. Да постестиме дека главниот противник на одвојување на Македонија од пакетот со Албанија беше токму „пријателска“ Грција која прва му го заврте грбот на Зоран Заев.

Доколку ова сега се случува со Албанија останува да се постави прашањето кои ќе бидат условите кои ќе и бидат поставени на Македонија кои мора да се остварат за нашата држава да отпочне преговори за членство во Унијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој прв предупреди за опасноста од групирањето на Македонија со Албанија на европскиот пат пред само неколку дена најави засилен мониторинг врз Македонија до добивањето датум за преговори. Дали и Македонија ќе има листа од 9 точки за да стане дел од Унијата или кај нас листата ќе биде подолга останува да видиме. Како и да е се поголема е веројатноста Македонија да не добие датум ниту овој октомври…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This