ШАОЛИНИ,НИНЏИ ЏЕМОВЦИ И РАЗНИ БЕЉАЏИИ: Внатрепартиска пpecмeтка во СДСМ ги тepopизира Прилепчани – телохранителот на градоначалникот peкeтap!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси секојдневно пристигнуваат информации за случаи поврзани со непотизам, peкeтapcтво и општо безвластие спонзорирано од СДСМ.

Последната информација која пристигна до нашата редакција е за внатрепартиска пресметка помеѓу различни структури на СДСМ во општина Прилеп. Имено според информациите со кои располагаме се работи за настан во кој е инволвиран партиски кадар на СДСМ, вработен како градежен инспектор во општина Прилеп, З.К. вработен од страна на новиот градоначалник.

Откако З.К. се обидел во центарот на Прилеп да ја врши својата работа и да стопира изградба на објект дивоградба, минатата сабота тој бил нaпaднaт и пpeтeпaн во центарот на градот од страна на личното обезбедување на градоначалникот на Прилеп. Надимакот на тeпaчoт е “Шаолин” кој според информациите со кои располагаме покрај неговата работа како лично обезбедување на градоначалникот се занимава со peкeтapcтво.

Наредбата за пресметка со градежниот инспектор пристигнала од неговиот шеф со надимак “Џемо” – задолжен за обезбедувањето и валканите игри на СДСМ во градот. Иако градежниот инспектор е кадар на градоначалникот Илија Јовановски, од него нема никаква реакција поради должничко доверителските односи кои тој ги има со подземјето, односно peкeтapитe за кои зборуваме погоре во текстот одрабитија за неговата победа на локалните избори и сега тие имаат целосна контрола врз него.

Ова, според информациите со кои располага Инфомакс, пред некој месец Шаолин брутално пред голем број сведоци од го пpeтeпaл и личниот шофер на Јовановски,а градоначалникот го преморчел и овој настан.

Граѓаните коментираат дека се работи на прикривање на овие настани од страна на полицијата и нејзиниот командир кој е во спрега со овие мафијаски структури.

Истите овие структури прават вистински хаос низ градот и сеат страв кај народот и членовите на опозицијата, а токму на денот на референдумот обезбедувањето на градоначалникот со прекар Шаолин брутално претепал двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ. Имено членовите на опозицијата додека се возеле во својот автомобил биле пресретнати од обезбедувањет на Јовановски извадени од кола и тепани на улица без никаква реакција од страна на полицијата иако настанот бил пријавен, тој повторно бил прикриен од страна на командирот во Прилеп.

Горе наведените настани за жал не се изолирани, а според информациите со кои располагаме истите лица биле вмешани во подметнување пожар во викендицата на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, како и во демолирањето на автомобилот на екс градоначалникот на Прилеп.

Прилеп полека, но сигурно се претвора во мафијашко дувло, а за жал овие настани не се изолирани во градот херои и се случуваат низ цел Македонија. Граѓаните секојдневно се сведоци на убиства кои не се расчистени, дела чиј сторители не се пронајдени. Да се потсетиме само на престрелката пред СЈО во која загинаа две лица, пресметките помеѓу групации во ДУИ, убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев пред неговиот дом. Македонија се повеќе наликува на мрачните 90-ти во Белград, кога по улиците на граѓаните име беше страв да ги споменат имињата на мафијашите и се слушаа само нивните прекари, полицијата и власта беше во тесна соработка со структурите на подзмјето и владеше стравот и беззаконието!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This