ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ГИ ИЗЕДЕ СВОИТЕ ДЕЦА: Младите се најголема жртва на оваа власт, младите се понижени и без перспектива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт  не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Младите си заминуваат повеќе од кога било. Најавуваната младинска гаранција е огромна лага. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми. СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. Откако СДСМ е власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат. Младите се најголема жртва на оваа власт. Нема подобрување на условите за младите, а условите за студирање никогаш не биле полоши. Додека СДСМ се фали со бројки на хартија, граѓаните се повеќе тонат, државата е завиена во црнила, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните.

-СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори, порачуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This