ШАРЕНИТЕ И ЛИЖАЧИТЕ ЈА ИЗЕДОА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ И СПОСОБНИТЕ: Шарените од улица во функционерски фотелји, способните без работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ стана биро за вработување на сите активисти на Шарената револуција. Таквата пракса почна уште пред парламентарните изборите, а откако дојде на власт СДСМ ги вработува во институциите оние кои претходно ги уништуваа и ги боеја.

Последен таков пример е вработувањето на братот на Ермира Мехмети и еден од најистакнатите членови на т.н. Шарена револуција, Замир Мехмети. Тој, ниту помалку, ниту повеќе доби директорска фотелја во Телеком.

Тој нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.

Јавноста прашува и колку пари Мехмети ќе зема за ангажманот?

Граѓаните гласно прашуваат дали ова е таа департизација на институциите и општеството која Заев ја најави, а откако дојде на власт на неколку ресори постави функционери кои што немаат никакви поврзаности со работата која сега ја работат, меѓутоа се членови на СДСМ или беа активни во текот на Шарената револуција.

Се почна уште пред изборите, откако СДСМ на листите за пратеници ги стави Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, едниот истакнат член на Шарената Револуција, а другата својата кариера ја почна во Студентскиот пленум.

-Богоевски беше еден од најактивните учесници на „Шарената револуција“, која причини сериозна материјална штета од неколку стотици илјади евра на објектите низ центарот на Скопје и го блокираше центарот на Скопје повеќе од два месеци. Сега се гледа дека тоа го правел од чисти лукративни причини, односно за 900.000 денари од ФООМ и загарантирано пратеничко место на листата на СДСМ, напиша порталот Журнал во една анализа посветена за Павле Богоевски.

Според порталот, од тие 900.000, 184.000 денари Богоевски ги донирал за СДСМ.

Во јавноста се појавија информации и дека Ивана Туфегџиќ донирала пари во СДСМ. Таа успеала да донира 101.900 денари во момент кога била невработена. Тогаш се постави и прашањето како таа успеала да донира, кога била невработена.

И Бубо Каров, кој на јавноста и е познат како „Цацко“ се вработи во државна институција. Тој откако гласно протестираше против ВМРО-ДПМНЕ стана надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Министерството за култура на Роберт Алаѓозовски вдоми двајца новинари кои работата ја добија благодарение на протестирањето против ВМРО-ДПМНЕ.

Петрит сарачини стана советник во Министерството, а од неодамна во тимот на Алаѓозовски е и Нора Шаќири, која претходно на Фејсбук бараше работа од Зоран Заев.

Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.

На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?

-Зоки фала на поканата. Ќе пиеме кафе обавезно. Толку многу сум зборувала јавно така да не знам како не си слушнал, му напиша Нора Шаќири, на претседателот на СДСМ.

Дел од Шарената револуција, а сегашен директор е Стојанче Павловски, кој покрај „уличната школа“ од Шарена Револуција, има само средно образование.

СДСМ и Заев го разрешија Маестро Зоран Џорлев, музичар со високо меѓународно реноме за Павловски кој има завршено само средно градежно училиште.

Тој во последно време стана актуелен во македонската јавност откако се појавија слики како „јава“ статуа од лав.

СДСМ под државна капа стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Влатко Васиљ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This