ШАРЕНИTE ПЛАЧАТ: Се борев со аждерот вмро, а тие се п*сраа и на моите надежи за понормална Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шаренитe не можат да го скријат незадоволството од Заев и СДСМ, особено незадоволстовот од таканареченото помирување, кое се испостави како амнестија за сите кои ќе дадат поддршка за промена на името. Меѓу нив е Јана Јакимовска која во своето последно писание за порталот Окно, видно е незадоволна од актуелните политики на Заев. Таа вели дека во изминатите години со денови протестирален на +50 и -10 да се изборат со како што вели аждерот врмо, се расправале со блиски и далечни, за сега да се чувствуваат излажано и продадено. Се бореле за како што вели затвор за криминалците, за сега власта на СДСМ да се ,,посере” на нивните надежи за понормална Македонија.

-Чувствувам потреба да им се извинам на сите оние кои ги осудував зашто не се интересирале за политика – во ваква жабокречина од држава, веројатно само така можеш да останеш нормален. Не сум земала пушка, не сум идела у планина низ снегови, не ми гинеле другари на раце, тоа е факт. (Ова за златните циници кои се пресераваат на фразата „борба против режимот”). Но во изминативе години не само јас, туку еден куп луѓе кои ги знам правевме сè што беше во наша моќ да се избориме со аждерот вмро: со денови сме протестирале и на +50 и на -10; бевме гласни иако тоа за некои значеше отказ или закана од отказ, убедувавме луѓе дека треба да се интересираат за политика, се расправавме со блиски и далечни, секаде кадешто можевме се ангажиравме да направиме промени во лошите закони, пишувавме, мозгавме, се туркавме со полиција, некои пиеја пендреци и притвори, навечер некогаш си плачевме од мака, ама спиевме мирно зашто знаевме за што се бориме: за правда, за вистина, за затвор за криминалците, за никад више вмро. Оние кои ветуваа дека ќе ја донесат таа промена во наше име, денес се посраа на сè што ветија. За жал, се посраа и на моите надежи за понормална Македонија. Се посраа и на сето направено досега, и на заложбите на илјадници луѓе во текот на оваа деценија, пишува Јана Јакимовска за Окно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This