April 26, 2024, 11:15 am

ШАТОРИ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Откажана амандманскат расправа за законот за јазици, демонстранти поставија шатори пред Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за законот за употреба на јазиците е откажана. Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб страницата на Собранието.

Претседателот на комисијата Артан Груби кој што е во работна посета во Брисел не одговараше на телефонските повици. Откажувањето на комисијата доаѓа откако вчера еврокомесарот Јоханес Хан ја предупреди Владата дека законот за јазици не е европски приоритет.

Во меѓувреме дел членови на здружението македонски национален совет поставија шатори пред Собранието и порачаа дека нема да си одат од таму додека не се повлече законот за употреба на јазиците – пренесува „24Вести“

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This