Шаќири: Со етничкиот клуч за вработување Албанците се дeградирани и пoнижeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лиса Баута Шаќири, магистар по правни науки и гласноговорник против етничкиот клуч на вработувања кои беа најавени од страна на Владата, во денешното гостување на 24 Телевизија истакна дека албанскиот народ не заслужува да биде дегрaдиран и пoнижен, одлуката за вработувања по етнички клуч е популистичка.

Албанскиот народ во Македонија не е народ кој заслужува да биде дeградиран и ставен под етнички клуч да Владата субвенционира наше вработување, вели Шаќири.

Шаќири вели дека албанскиот народ и донел две нобелови награди на оваа земја, Мајка Тереза и Ферид Мурати, па по тоа ваквото дeградирање и потценување е популистички.

Таа посочи дека има доволно квалитетен кадар кој може сам да се вработи и да оди кариерно напред, популистички е затоа што тие си признааваат дека вработувањата по етнички клуч на aлбанците се нивен успех и на нивните политики и вледеење.

-Се сложувам дека во јавниот сектор треба да им застапеност на Aлбанците, но кога разговараме за приватен сектор се сложувам дека треба да се зголеми вработеноста кај Aлбанците, меѓутоа начинот и пристапот е популистички и за жaл прeдизвикува реакции и од страна на Mакедонците, kритикуваше Шаќири.

Таа вели дека не конкурирала никогаш во животот на некое работно место како Aлбанка, туку како дипломиран правник и магистар по правни науки, интелектуалците кои имаат добро CV немаат потреба да бидат само една квота, етничката припадност е дел од идентитетот, но не и клуч за вработување.

Шаќири истакна исто така дека невозможно е интелектуалец кој учел во Макеонија да не го познава македонскиот јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This