March 29, 2024, 12:51 am

Шаќири: Шилeгoв нeма да ги дoбие мoите глaсoви во втoриoт крyг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе видите дека околу вас парадираат добро спакувани импровизатори, тогаш во даден момент чувствувате дека сте се прецениле, односно сте се потценилеи решавате да направите чекор кон нешто подобро, вели музичарот Бени Шаќири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП.

Тој рече дека ќе понуди малку различен пристап во водење на градот и вниманието кон граѓаните, а актурелниот градоначалник смета дека е лицемерен.

– Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг – појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник – во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Како прв ден, ако стане градоначалник, Шакири вели дека би ги примил сите граѓани околу себе во канцеларијата на град Скопје и дека мора да ја оправда нивната доверба и дека би испил кафе со нив.

Шаќири вели нема партиска книшка, иако долги години ги поддржував СДСМ.

– Учествував на сите предизборни кампањи од 2002 година- рече Шаќири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This