April 19, 2024, 11:31 pm

Швајцарците утре на референдум ќе одлучуваат за ковид сертификатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарците утре на референдум ќе одлучуваат за употребата на ковид сертификатите, кои функционираат на ист начин како и во Европската унија. Граѓаните на Швајцарија по втор пат за помалку од два месеца, утре ќе гласаат за Законот за ковид-19. Овој Закон не ја регулира само финансиската помош за културните установи и угостителските објекти, туку и употребата на ковид сертификатот кој соодветствува на апликациите на ЕУ – пишува Дојче веле.

Без Зконот за коронавирусот, таканареченото правило 3G (вакцинирните, оние кои ја прележале короната и тестираните) повеќе не би можело да се применува за угостителскиот сектор и при одржување културни настани. Како што се наведува, актуелните анкети покажуваат дека швајцарските граѓани ниту на овој референдум нема да гласаат против Законот, но противниците се прилично успешни во кампањата против мерките за сузбивање на пандемијата.

Здружението „Пријатели на Уставот“ кое беше основано во текот на пандемијата успеа за референдумот да собере околу 190.000 потписи.

„Урбаното население е посензитивно и повеќе им верува на мерките на владата, отколку населението во руралните кантони. Во нив традиционално има поголема недоверба кон владата“, изјави за Дојче веле професорот по политикологија Марк Билман од Универзитетот во Берн.

Спред него, властите со слатки печива и концерти прогласиле „национална недела на вакцинација“, но сепак не успеале да придобијат над 65 отсто од населението да се вакцинира проив ковид-19. Политикологот смета дека кампањата на владата која чинела 96 милиони франци сепак би можела да биде успешна бидејќи вакцинацијата е тема за која во Швајцарија се дебатира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This