March 29, 2024, 12:37 pm

Швајцapцитe нa peфepендум изглacaa забpaна зa нoceње бypка и ниkaб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Швајцарија на референдум, кој не беше поддржан од Владата, го прифатија предлогот на крајната десница да се забрани носење бурка и никаб во ресторан, спортски објект, јавен превоз или на прошетка.

Исклучок е само ако се носат во верски објект или од безбедносни и здравствени причини, како што се носат маски поради заштита од инфекција со коронавирус.

Владата на Швајцарија беше против предложената мерка, објаснувајќи дека покривањето на лицето е „маргинално“ општествено прашање и предупредувајќи дека со забраната би бил загрозен туризмот, бидејќи земјата ја посетуваат многу жени од богатите арапски држави, во кои се носат бурка и никаб.

Предлагачите на законот, пак, аргументираат дека носењето шамија преку лицето симболизира репресија врз жените и оти мерките се неопходни заради принципот на покажување на лицето во слободно општество како швајцарското.

Од 8,5 милиони жители на Швајцарија, како припадници на исламската вероисповед се изјасниле 5,3 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This