Шведска го менува пристапот: Се затвараат трговските центри и јавниот превоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведската влада се чини дека го менува својот пристап во борбата против епидемијата на коронавирус и најавува дека ќе има овластување да ги затвора трговските центри и јавниот превоз од 10 јануари, како и да ги казнува граѓаните кои не го почитуваат новиот закон што беше предложен денес со цел да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот во земјата, пренесува Танјуг.

Досега, шведските власти се потпираа на доброволно спроведување на мерката физичко растојание, за разлика од другите европски влади во Европа, кои воведоа задолжителни мерки против ширењето на инфекцијата, потсетува Ројтерс.

„Во случај на влошување на состојбата, владата е овластена да воведе пошироки ограничувачки мерки. Тука спаѓаат затворање на продавници, јавен превоз, трговски центри и сите други деловни објекти што ќе бидат опфатени со новиот закон “, најави министерката за здравство на Шведска, Лена Халангрен.

Во Шведска, 6.609 новоинфицирани лица беа потврдени во средата минатата недела, вкупно 396.048, а 8.279 пациенти починаа од почетокот на пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This