ШВЕДСКА ГО МОБИЛИЗИРАШЕ РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ: За прв пат по децении, Шведска ја тестира борбената готовност на резервниот состав!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведска ја мобилизираше својата резервна домашна гарда, за да провери дали е подготвена да одговори на итни случаи за првпат по повеќе од 40 години, објавија шведските вооружени сили.

“За прв пат од 1975 година, вооружените сили спроведуваат ненајавен тест за итна подготвеност на целата гарда”, изјавија шведските вооружени сили.

Прес-службата додаде дека сите 40 батаљони на домашната гарда, кои заедно сочинуваат 22.000 доброволци, беа мобилизирани во вторникот за вежбата, која ќе продолжи и во текот на празнувањето на Националниот ден во средата.

“Ние имаме должност да ја зајакнеме одбраната на Шведска и да го зголемиме нашиот оперативен капацитет.Ова е начин да го сториме тоа.Ова е голема вежба. Ние го тестираме системот за итни случаи за речиси половина од нашата оперативна организација, нешто што не е направено од 1975 година , Рече Микаел Бајден, Врховен командант на шведските вооружени сили, како што беше цитирано во соопштението за печатот.

На крајот од мај, Шведската Агенција за итни случаи издаде брошура “Ако дојде до криза или војна” која беше поделена на 4,8 милиони шведски домаќинства за да ги научат луѓето како да се однесуваат во кризни ситуации – за време на терористички напади или во случај на војна.
Шведската гарда, која е составен дел од оперативната сила на вооружените сили, е основана во 1939-1940 година. Единиците се задолжени за заштита, следење и поддршка на општеството во време на криза, со што се обезбедува национален и територијален бедем за шведската одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This