Шведска за првпат има жена премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведскиот Парламент денеска ја избра лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии Магдалена Андерсон за прва жена премиер на земјата, откако таа постигна договор во последен момент кој и обезбеди клучна поддршка.

Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Ловен, откако вкупно 117 пратеници гласаа „за“ неа, 57 беа воздржани и 174 гласаа против.

Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство.

Според шведскиот Устав, премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство – минимум 175 пратеници – не е против нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This