April 26, 2024, 10:25 pm

ШВЕДСКА КОМПАНИЈА ВИ НУДИ РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Заработка од 25 евра на час и платено сместување и храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали би сакале да скијате и за тоа да бидете платени? Звучи како работа од соништата, зарем не?

Една компанија за ски опрема ви го нуди токму тоа. И тоа, не се бараат некои професионалци туку “просечни скијачи“.

Компанијата “Тенсон“ објави оглас за “двајца навистина ентузијастични, но просечни скијачи“ кои ќе треба да ја тестираат опремата за скијање.

Работата ќе се одвива во ски-центарот Идре Фјал што се наоѓа во централна Шведска, а истата е отворена за луѓе од целиот свет.

Професионалните тестери ќе заработат по 250 шведски круни или 25 евра на час за пет часа скијање секој ден.

Дополнително, компанијата обезбедува транспорт до планината, храна и сместување.
Целта на компанијата е да добие повратни информации за квалитетот на опремата што таа ја произведува.

“Претходно искуство во скијање е корисно, но не и неопходно, а приватните часови се дел од работата“, стои во огласот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This