ШВЕРЦ НА АРТЕФАКТИ ПРИЧИНА ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА ТАТКО НА РЕЖИСЕРОТ БОЈАЏИ: МВР со соопштение за приведувањто на 75 годишниот татко на Јани Бојаџи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По целодневниот молк за упадот во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, дури доцна вечерва се огласи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Тој во изјава за провладиниот портал СДК, вели дека упадот во домот на Јани Бојаџи се случил затоа што неговиот 75 годишен татко шверцувал артефакти!

-Лицето А. Б. е лишено од слобода во склоп на акцијата на одделот за сузбивање на организиран криминал за сузбивање на криминална група во повеќе градови во државата, при што се привремено одземени голем број на артефакти, а лишени од слобода се 13 лица. Утре на прес-конференција ке ги соопштиме сите детали, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Чудно, но апсењето на старецот доаѓа на ист ден со премиерата на филмот на неговиот филм „Ругањето на Христос“, кој беше осуден од владата и за кој министерството за култура организираше хајка за цензура во која им се забранува на кино салите да го пркажуваат.

Филмот на Бојаџи е осуден само по гледањето на неговиот трајлер, кој според властите ги нарушувал меѓуетничките односи во Македонија, поради тоа што во него се прикажуваат дел од злосторствата на УЧК во војната во 2001.

МВР во текот на целиот ден крие за пртетресот кој утринава го спровеле во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица.

Веднаш по објавувањето на информацијата, која Економски Лидер ја објави во 11:25 претпладнево, нашата редакција се јави за потврда кај портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Ангеловски ни рече дека е на состанок и не замоли да му пратиме меил, што беше сторено од новинарот на Лидер, но до овој момент (20:45) нема никаков одговор на нашите прашања.

Непосредно по нашата објава во дел од провладините медиуми се појавија статии во кои се тврдеше дека за нив Бојаџи демантирал оти бил извршен претрес, но во статиите тој ги демантираше.

Вечерва, режисерот ја потврди нашата информација на неговиот фејсбук профил. Така што, на крај се виде кој шири лажни вести, дали Лидер или медиумите кои пишуваа дека ние лажеме.

Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас! – напиша Бојаџи на Фејсбук.

Таткото на Бојаџи, како што дознаваме, сеуште е приведен и чека некој да го интервјура и не знае зошто е повикан, со него никој не обавил разговор.

Во овој момент во Кино Милениум се одржува премиера на филмот на Бојаџи, но, во јавноста се шири фама дека по крајот на премиерата во 22:30, режимот има намера да го уапси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This