ШЕИКОТ ШТО ГИ СКАРА ОХРИЃАНИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Ова се „инвеститорите“ на СДС, луѓе кои дошле на прошетка ги молат за милостина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се инвеститорите на СДСМ- ќе дојде некој богат човек по кој знае која линија, или само на разгледување, на ништо не договорено, ниту разговарано или прецизирано, а во конкретниов случај ниту споменато, а СДСМ ќе го објават како нова инвестиција или нова надеж.

Тоа што инвеститорот нема да се врати, не е воопшто важно, важно е што ќе има храна од надеж за сиромашните и невработени луѓе, а за медиумите блиски до власта тоа е коска за глодање околу две недели за навидни инвеститори кои ги носи новата влада. Потоа по неколку недели, притиснат од јавноста по друг основ, односно по основ на екологија, самиот градоначалник на СДСМ кажува дека воопшто немало збор за крупни инвестиции. Тоа се вика- лажење од прв ден

Уште не седнат во градоначалничката фотеља, новиот татко на градот Охрид, се соочи со гневот на сограѓаните. Веста дека шеик од Катар бил заинтересиран за инвестирање во туризмот, охриѓани „на нож“ ја примија, бурно реагирајќи на социјалните мрежи.

-Жално за Охрид, се’ имаме уште хотели ни фалат, веројатно шеикот има поголема визија од таа на новиот татко на градот. Професоре Стојаноски, во предизборната програма, во делот за туризам, не стоеа никаде луксузни хотели. Отворање на големи луксузни хотели во Охрид значи уништување на бреговите на Охридското Езеро! Има белки и поинакви модели на инвестирање во развојот на градот, освен безумното градење хотели и станбени единици. Ако е чесна инвестиција веднаш треба да се поддржи, но не, ако тоа значи отуѓување и ограбување на плажите. За тоа нема оправдување. Лутината не стивнува, охриѓани ги полнат социјалните мрежи со коментари, а се огласија и од граѓанската инцијатива Охрид SOS. Прашуваат : Кои се тие локации кои му се понудени на шеикот и како се избрани? Која е улогата на вработените од битолската подружница на министерството за земјоделство кои,присуствувале на средбата? Од Охрид SOS бараат транспарентност и вклучување на сите жители на Охрид,пред да се донесе било каква одлука.

Градоначаникот Јован Стојаноски, вели дека шеикот Ал Тани не го третирале како инвеститор туку како висока делегација од реномирана земја.

-Ние, нити сме разговарале со него лично за одредени инвестиции, нити сме раговарале за развој на Охрид, затоа што тоа беше мој прв работен ден.Човекот беше протокларно дојден и човекот се интересираше за одредени можности,за купување на имот или за инвестиции во Охрид, изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид, пренесува Алфа ТВ.

Сепак во официјалното соопштение од кабинетот на градоначалникот стои дека на шеикот му биле презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје и оти по презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посетил неколку од предложените локации. Пред да замине со подарокот во рака-реплика од златната маска, шикот најавил дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

Новинарите останаа покуси за суштински инфомации упатени  дирекно на адреса на шеикот, бидејќи не беа поканети, за средбата дознаа од соопштението објавено на официјаланата страница на Општина Охрид, пренесува „Алфа“.

Дури и да дојде сериозен инвеститор, со самото негово објавување по медиуми, уште на почеток му се прави штета поради политичко партиски цели на владејачкиот режим, па истиот тој инвеститор веднаш ќе увиди дека има работа со несериозни луѓе.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This