ШЕКЕРИНСКА И СПАСОВСКИ НАДВОР ОД ИГРА: Љупчо Николовски новиот технички пpeмиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека согласно Договорот од Пржино тој ќе се повлече од функцијата на 3 јануари во јавноста почна да се калкулира дека негов заменик ќе биде актуелниот министер за внатpeшни работи Оливер Спасовски. Сепак партиски извори за ТВ21 велат дека најверојатно за технички премиер ќе биде назначен генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Спасовски, велат истите извори е потребно да остане во министерството како дополнителен заменик министер, како и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Од владејачката СДСМ велат дека одлука ќе биде донесена на седница на Централниот одбор на партијата.

 

 

 

 

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека е рано за имиња, но сепак, пapтиските извори велат дека за сега се калкулира со името на Антонио Милошоски за технички министер за внатрешни работи. Сепак додаваат истите извори, тоа ќе зависи и од фактот дали Спасовски ќе биде технички премиер, но доколку остане во министерството како технички заменик министер оваа опција пропаѓа бидејќи се смета дека Милошоски не би можел да го преземе авторитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This