April 26, 2024, 10:32 pm

Шекеринска нa cpeдбa co миниcтpитe зa oдбpaнa oд Зaпaдeн Бaлкaн и Авcтpиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката Радмила Шекеринска денеска во австрискиот град Кремс учествува на конференција на министрите за одбрана од Западен Балкан и Австрија, посветена на соработката во регионот и неговите перспективи во ЕУ.

На конференцијата министрите ќе потпишат заедничка Декларација за соработка и дијалог која опфаќа повеќе активности за одбранбена соработка во јакнењето на отпорноста на регионот, едукацијата, тренинзи и заеднички придонес во ЕУ операции за кризен менаџмент, соопшти Министерството за одбрана.

Во рамки на конференцијата Шекеринска ќе има средба со министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, на која ќе стане збор за соработката во одбраната и поддршката што Австрија ја даде на Македонија при неодамнешните пожари и во пандемијата.

Шекеринска ќе учествува и ќе има обраќање и на прес-конференцијата која ќе се одржи по повод потпишувањето на Декларацијата од страна на министрите за одбрана. Конференцијата во Кремс се одржува во таканаречен „Грац-формат“ со учество на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Австрија во име на ЕУ, воспоставен во 2018 во Грац со цел зголемување на врските меѓу регионот и ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This