ШЕКЕРИНСКА ПРИЗНА: Ние сме криви за бегството на Груевски во Унгарија, ВМРО подобро ќе се справеше со ваквата ситуација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе подолг период со ,,закукулени, замумулени” изјави власта се обидуваше да се одземе од одговорноста за бегството на екс премиерот на државата, Никола Груевски. Сепак бегањето од одговорноста конечно заврши по речиси еден месец конфузни изјави. Имено конечно Шекеринска призна дека власта на ВМРО побргу ќе го решеше случајот отколку тие со бегството.

На поставено прашање од страна на водителката од 1ТВ упатено до министерката за одбрана Радмила Шекеринска зошто институциите не реагирале кога знаеле дека Груевски три месеци пред бегство повлекувал пари од банка, односно каде и зошто кикснале македонските институции кои се по целосна контрола на СДСМ.

Шекеринска се обиде вешто да одговри на прашањето за кое немаше одговор и случајно призна дека одговорноста е кај нив. Таа се обиде преку хипотетичка ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ е уште на власт, а бегство спрема висок фунцционер на СДСМ и истакна дека власта на ВМРО многу поефикасно би се справила со ваквата ситуација.

-Да размислиме како ќе изгледаше оваа ситуација односно улогите да беа различни. И да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт вработениот од финансова полиција ќе го свртеше телефонот кај некој во кабинетот. Кабинетот ќе свртеше телефон кај некој во обвинителството па некој во судство и државата ќе реагираше побрзо, вели таа.

Во моментов на оваа емисија Шекеринска призна дека минатата власт да беше ќе ја решеше работата побргу од нив и немаше да се заташка случајот, а бегството на Груевски немаше да се случи. Народот немаше толку да чека за да се дознае каде институциите кикснале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This