Шекеринска: Hoвaтa aмepиканска aдминиcтpaцијa caкa штo пocкоpo дa ja види Македонија вo пpeгoвapaчкиoт пpoцec co ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот ден од посетата на САД министерката за одбрана Радмила Шекеринска го помина на средби во Стејт Департментот и во Пентагон. Во Стејт Департментот Шекеринска се сретна со новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, при што беше заклучено дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и оти новата американска администрација сака што поскоро да ја види Република Македонија во преговарачкиот процес со Унијата, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката во Стејт Департментот имаше средба и со првиот човек на Бирото за политички и одбранбени прашања Тимоти Алан Бејтс, на која беше реафирмирана американската позиција за стабилен и просперитетен регион и решавање на прашањата кои ги попречуваат мирот и стабилноста. Министерката Шекеринска нагласи дека нашата држава како членка на НАТО ја прифаќа одговорноста да придонесува во безбедноста на Балканот и дека учествува во повеќе регионални иницијативи како и во мисијата КФОР во Косово.

Во Пентагон, Шекеринска разговараше со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за безбедносно- одбранбено соработка. На средбата стана збор за тековните проекти за модернизација на Армијата.

Министерката во Вашингтон го посети и Националниот меморијален центар Арлингтон при што положи цвеќе на Гробот на незнајниот војник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This