ШЕМАТА ЗА „НАРАЧУВАЊЕ“ CУДИИ, РАЗОТКРИЕНА: Никој нема кoнтpoлa на АКМИС-от, кој „пaѓa“ секогаш кога некој ќе си направи „нapaчка“ за cyдија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури и да се злоупотреби, никој нема да знае дека со АКМИС системот со кој се распределуваат судии за предметите во судовите низ земјата некој се обидел да манипулира. Ова е така поради намерно внесената системска слабост, според која доколку системот „падне“ не постои можност да се генерира контролник за да се констатира „грешката“. Со ова се отвара можноста при секое судење кое е од интерес на заинтересирани страни, да си „нарачаат“ судија, а откако ќе се направи „нарачката“ АКМИС-от да „падне“, и судијата да се определи согласно нарачката на заинтересираната страна – во случајот најчесто некој од центрите на моќ

Од адвокатската канцеларија на Зоран Јовановски, појаснуваат дека и тие се соочиле со вакво „паѓање“ на АКМИС системот, од кој не постоело можност да се генерира контролник за причините за падот на системот.

Канцеларијата побарала надзор и вештачење, кој само констатирал дека нема можност за контрола врз АКМИС. И според Јовановски, ова ја отвара можноста за манипулирање на системот и извршување на „нарачки“ во судството.

Надзорна комисија од Министерството за правда извршила надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во Основен суд Скопје 2 Скопје, или сега Основен граѓански суд Скопје, на ден 26-03-2019 година, за што составила и објавила Записник со архивски број 08-1424.
Во Записникот на страна 9 во точка 24 е наведено -Контролник за исклучување на судии од автоматска распределба не можеше да се креира.
Во записникот на страна 9 во точка 26 е наведено – Воедно, беше констатирано дека имаше технички проблем во функционирањето на АКМИС системот и не можеше да се изгенерира контролникот Исклучување на судија од распределба.

Оваа информација е од толкаво значење што треба да ги загрижи и министерот за правда и судскиот совет и владата и собранието и народниот правобранител и адвокатската комора кои се разбира дека одлично знаат што значи тоа.

За обичниот свет треба да се појасни дека тоа значи во Основниот граѓански суд предметите, се разбира, се распоредуваат на судиите согласно АКМИС системот.

Но, доколку евентуално не се распоредуваат според АКМИС системот, односно било кој од горенаведените носители на јавна власт сака да намести определен предмет кај некој судија, за негова, односно нивна среќа, техничките проблеми во функционирањето на АКМИС системот и неможноста да се изгенерира контролникот Исклучување на судија од распределба во АКМИС системот е причина зошто никој нема да може да биде повикан на кривична одговорност за злоупотреба, но и на одговорност за повреда на правото на праведно судење.

Правото на праведно судење за граѓаните очигледно не е приоритет за носителите на власта, а за граѓаните од секогаш била мислена именка во Македонија, но она што загрижува е фактот дека ваквите информации не се изнесени во медиумите, нема прашања од стручната јавност зошто се толерира отсуството на контрола и нема барање од јавноста за преземање на итни мерки за воспоставување на систем на контрола.

Сепак, граѓаните треба да им бидат благодарни на носителите на јавната власт затоа што за граѓаните сепак, се уште постои можноста да се жалат на небестата “appeal to heaven”, зошто како ги најавија, и како ги почнаа реформите во правосудството и оваа можност за граѓаните ќе се потрудат да ја оневозможат – стои во објавата на адвокатската канцеларија Зоран Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This