April 23, 2024, 11:32 pm

ШЕРИЈАТСКА ПОЛИЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ?: Флаери со забрана за славење на матура поставени низ Скопје, не биле дозволени од Куранот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознати лица во текот изминатата недела делеле флаери низ Скопје, на кои е напишано дека поради морални и верски причини, завршувањето на средното училиште не мора да се слави, односно дека матурата не е дозволена. На флаерите не пишува кој е авторот, објави „ТВ21“

Граѓаните мислаат поинаку. Тоа што е напишано на флаерите им пречи и затоа искинале неколку од нив.

Според директорот на образовниот и научниот сектор при ИВЗ, Јусуф Зимери, нема ниту правна ниту верска основа да се забранат матурските прослави. Апелираат до властите, тие да се идентификуваат поради тоа што според него, истите делат и книги со верска содржина, пропагирајќи девијантни идеи.

Според МВР, слични флаери се поставувани и на крајот на минатогодишната учебна година. Според МВР, граѓаните го пријавиле случајот, но додаваат дека содржински, флаерите не промовираат меѓу-верска омраза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This