April 26, 2024, 10:49 pm

ШЕСТ МИНИСТРИ ЌЕ ,,JAДАТ” МЕТЛА: Метлата“ на Заев ќе опфати најмалку шест министри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку шест министри од СДСМ, помалите коалициски партнери како и од ДУИ, според висок владин извор ќе бидат сменети, а т.н. „метла“ ќе опфати и директори на државни агенции и јавни претријатија, како и акционерски друштва во државна сопственост, објави ibna.mk

Сите коалициони партнери имаме право да даваме свои коментари или не. На крајот ние сме партиципиенти во нешто што го крепи парламентарно мнозинство. Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена – да видиме која е таа вистина, за која зборуваме„ – изјави премиерот Заев.

Тој директно го спомена пратеникот Груби, со порака која извори во Владата велат дека треба да се чита како цврста решеност да бидат сменети сите функционери кои потфрлиле во резултатите, без оглед од која партија доаѓаат.

Јас сум мандаторот. Тие може да гласаат во парламентот или не. Кога ќе ги дадам предлозите во парламентот, Артан Груби е пратеник во парламентот. Тој и неговата пратеничка група од ДУИ ќе се изјаснат за решенијата. Затоа имав средба со лидерот на нивната политичка партија, ДУИ, за да знаат навремено кои чекори ќе ги преземам и согласно тоа да си донесат одлуки, да си разговараат во партијата“ – порача Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This