ШЕТАЊЕТО НА БЕЈЛИ ПО ИЗБИРАЧКИ МЕСТА Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН: Немањето на црвени линии ќе ја остави Македонија без името и идентитетот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наталија Ивчева во своето гостување на ТВ Нова дебатираше со своите соговорници за изборните нерегуларности и причините за насилната промена на власта во Македонија која се случи со незаконското изгласување на претседател на собранието како и најавената промена на името.

Според Ивчева овие избори беа се само не регуларни и беа една завршна фаза од проектот кој е започнат одамна, поточно со појавата на нелегално снимените материјали од државниот врв. На прашањето дали изборите и целиот изборен процес помина во фер и демократска атмосфера таа изјави ,, Од самиот почеток кога почнаа изборите, па и пред да започнат изборите ние имавме една кампања против актуелните градоначалници од страна на ВМРО. Тогаш им се поднесуваа кривични пријави.’’ Пред првиот круг на изборите имаше закани, притисоци кон гласачите и разни изборни нерегуларности кои продолжија и во вториот круг додаде таа. Кулминација беше присуството на американскиот амбасадор на избирачко место, кој се фотографираше со членови на избирачкиот одбор на СДСМ и негови симпатизери, ова е преседан од несогледливи размери и според виенската конвеција се знае до каде е рамката на дипломатите потенцираше Ивчева. Тој беше таму да влијае и да даде подршка на најнеругалрните избори досега. Кутиите беа полнети, гласачи беа носени на гласачки места, а реакција нема ниту од меѓународниот фактор ниту од надлежните органи. Напротив полицијата се однесуцаше како заштитник и помагаше во изборниете нерегуларности и полнењето на кутии. Ивчева за сите овие наводи прикажа и голем број на фотографии како доказ.

Во однос на изборот на Талат Џафери таа коментираше дека никој не го оспорува неговиот избор како индивидуа, проблемот за Ивчева е начинот на кој тој е избран, на нелегален шферцерски начин без почитување на законските процедури.

На самиот крај од дебата се разговараше за проблемот со името помеѓу Грција и Македонија. Ивчева истакна не смее да дозволиме како суверена држава другите да одлучуваат за нас, ние не смее да остапиме од нашите позиции без разлика дали е ВМРО или СДСМ на власт. Ние треба да имаме заедничка платформа на наши црвени линии, на сите оние кои Македонија ја сакаат и нешто им значи. Само ако ние имаме црвст став за тоа прашање меѓународниот фактор ќе изврши притисок врз Грција да попушти во спорот со името додаде таа. Таа се согласи со својот соговорник Борис Дамовски дека влегуваме во последната фаза од операцијата за промена на името, а сево ова што се случуваше досега вклучувајќи ги и овие криминални избори служеа за зацврстување на владеачкото мнозинство со цел промена на името на државата.

 

 

28 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This