ШЕТАЊЕТО ПО СТУДЕНО ВРЕМЕ Е ЗДРАВО:Еве кои придобивки ги има вашето тело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Честопати можете да слушнете дека студот е добар за вашето здравје, но знаете ли кои придобивки ги имаат вашето тело и ум кога температурата е ниска? Погледнете што сѐ ви нуди студеното време, при што повеќе ќе ги засакате претстојните зимски денови.

Имате повеќе енергија. Престојот на ниски температури ве исполнува со енергија која ви останува и кога ќе се вратите во топла просторија. За студот да има таков ефект, не морате долго да бидете изложени, туку доволна е прошетка од половина час.

Ќе бидете повеќе отпорни. Несомнено е дека престојот на студ ќе направи да бидете поотпорни.

Подобро ќе спиете. Луѓето кои страдаат од несоница имаат повисока телесна температура, па спиењето во разладена просторија може да им помогне побрзо да заспијат. Идеалната температура за спиење е помеѓу 16 и 20 степени.

Побрзо согорувате калории. Масното ткиво произведува топлина, а студот ги топи маснотиите.

Мозокот работи подобро. Луѓето кои се изложени на високи температури ретко донесуваат сложени одлуки. Топлото време брзо ги исцрпува резервите на гликоза кои се користат при менталните процеси.

Полесно ќе дишете. Поради свежиот и чист воздух во овој период од годината се препорачува што повеќе време да поминувате во природа, во долги прошетки и длабоко дишење.

Ова е идеално време за трчање. Кога има пониски температури, вие трчате побрзо отколку при повисоките, што значи дека во пократок временски период можете да согорите повеќе калории.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This