ШЕФИЦАТА НА КАБИНЕТ НА ВЛАДО ДИМОВ СЕГА ДРЖАВЕН СОВЕТНИК: единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Мајнова, вработена во министерство за здравство, е новата државна советничка за здравствен менаџмент и здравствена политика.

Тоа се гледа од одлуката што ја донела Владата на 23 овој месец, а е потпишана од државниот секретар Владимир Милошев.

Претходно, Министерството за здравство објави огласот на кој се бараше државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, е завршен, а единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист.

Гордана Мајнова беше шефица на Кабинетот на поранешниот министер за здравство, Владо Димов.

Владо Димов беше министер за здравство во владата на Бучковски. Министерската функција му заврши во 2006 година. Беше гонет за непријавен данок и за незаконско давање согласност за 18 вработувања во струмичката болница во 2005 година, поради што 11 години помина надвор од Македонија. Работеше во болници во Подгорица, во Истанбул и во Софија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This