ШЕФОТ НА ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ЗАБЕЛЕЖАН ВО CУДOT: Што правеше Василевски во Kpивичниот суд – нарачува ли хајка против неистомисленици?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на военото разузнавање Горан Василевски, кој во изминатиот период го следеа низа на афери и скандали, денес беше забележан како излегува од Kpивичниот суд во Скопје

Што правеше шефот на военото разузнавање во Kpивичниот суд денес, останува прашање на кое не добивме одговор, откако навивачката група „Комити“ го обвини токму военото разузнавање дека е вмешано во конструирање на докази и пресуди против нивни членови.

„Комитите“ обвинија дека се под постојана репресија, а секојдневно во домовите на нивните членови се вршат претреси во кои се бараат „психотропни сусптанци и оружје“. Од навивачката група се сомневаат дека хајката против нив ја води токму военото разузнавање.

Денешната посета на Василевски во судот, само ги потврдува овие информации.

Горан Василевски го следеа низа на афери во изминатиот период, од неговото назначување како партиска заслуга и тоа по директна ургенција на Радмила Шекеринска, до тоа дека шефот на Македонското воено разузнавање има длабоки врски со српската армија.

Од Фејсбук профилот на Василевски може да се забележи дека тој воопшто не ја крие својата партиска припадност. Исто така е фотографиран и на протестите на Шарената револуција што се одржуваа пред Владата на Република Македонија.

Василевски неколкупати бил одбиван за безбедносен сертификат, токму поради неговите врски со странски служби, поточно врските со Српската војска каде неговиот брат е полковник. Подоцна, братот на Василевски се огласи на српските медиуми негирајќи ги информациите. Василевски беше обвинуван и дека учествувал во војните во Југославија на страна на српската војска при нападите во БиХ и Хрватска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This