ШЕФОТ НА ИВЗ ЈА ОДБИ ПОКАНАТА ЗА ИФТАР НА ИВАНОВ: Претседателот Иванов не му го почитувал јазикот, па тој не сакал да вечера со него!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ИВЗ, Реисул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи имаше покана за ифтарската вечера приредена од претседателот Ѓорге Иванов, но не присуствуваше.


Од ИВЗ го дадоа своето објаснување.

“Добивме официјална покана од кабинетот на Иванов, но одговорот на Реисот беше дека една личност која не ми го познава и не ми го почитува јазикот нема што да бара на маса или во друштво со мене, потенцираа од ИВЗ за новинската агенција на албански јазик, ИНА.

Неучеството на водичот на муслиманската заедница на овој ифтар беше шлаканица за Иванов.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Клубот на пратениците во Скопје, организираше ифтар софра по повод светиот месец Рамазан, каде што присуствуваа разни гости од исламската вероисповед, но исто така и други.

Од службата за информирање на Претседателот нагласија дека на ифтарската софра присуствуваше и турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара, иранскиот амбасадор во Скопје, Хосеин Карими, амбасадорката на Босња и Херцеговина во Скопје, Лепа Бабиќ, шеф на Турската агенција за развој и координација (ТИКА) за Балканот и Југоисточна Европа, Махмут Чевик, претставниците на турските институции во земјата, вклучително и на ТИКА, турскиот културен центар “Јунус Емре”, фондацијата Мариф, турско-македонска стопанска комора (МАТТО), како и многу јавни, политички лица како и од бизнис заедницата.

Во својот говор упатен до гостите присутни на ифтарската софра, претседателот Иванов истакна дека ова е деветти пат дека тој и неговиот кабинет организираат ифтар маса, додавајќи дека тоа е израз на почит за муслиманите во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This