April 24, 2024, 12:05 am

ШЕФОТ НА КАБИНЕТ НА ЗАЕВ ЛЕЖЕЛА ЗАТВОР: Освен Рашковски, проблематична и Мирјана Јанева која лежела затвор поради проневера на пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај проблематичниот Драги Рашковски кој е избран за генерален секретар на Владата на Р.Македонија, проблематичен и инкриминиран е и изборот на шеф на кабинет на Зоран Заев, поточно Мирјана Јанева

Мирјана Јанева е долгогодишен човек од доверба на Зоран Заев, кој речиси 12 години беше градоначалник на општина Струмица. Таа работи за Заев речиси од нејзиното излегување во затвор, откако беше осудена поради проневера на голема сума на пари и злоупотреба на функцијата како вработена во фришопот на границата со соседна Бугарија, кој беше во сопственост на „Југопромет“.

Со пресуда од окружниот суд во Штип, инаку објавена на официјалната веб страница на судот, Мира Јанева била осудена на казна затвор во траење од една година и три месеци за кривично дело предвидено во член 177 став 2 во врска со став 3 од Казнениот законик на Сојузна Република Македонија (Злоупотреба на службена положба – со значитела штета, односно прибавена противправна имотна корист).

Но освен инкриминираноста на Јанева, во најблиското окружување на Заев е и проблематичниот Драги Рашковски, за кој постојат непотврдени информации, шпекулации дека се занимава со лихварство во Струмица.
Инаку Рашковски беше и асистент на Правниот факултет.


Во 2016 година, СВР Струмица поднела кривична пријава за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик на Р.Македонија (Злоупотреба на службена положба и овластување) во врска со член 24 од истиот Законик (Помагање). Кривичната пријава била отфрлена поради застареност за кривично гонење.

Рашковски исто така предизвика и гнев кај дел од поддржувачите на СДС, кои Рашковски го сметаат за елитист, како човек кој со прст не мрднал додека тие протестирале по улици, за на крајот да добие висока функција во државта.
Истиот важи за близок семеен пријател на Зоран и Вице Заев.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This