ШЕФОТ НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА НА КАФЕ СО АХМЕТИ: Во наредните денови ќе се изедначат македонскиот и албанскиот јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, Горазд Бартол, при тоа нагласувајќи дека овој прв состанок со претставници на меѓународната заедница по завршувањето на изборите ги демонстрира двата главни приоритета во периодот пред нас, реформите во судството и членство во НАТО.

Ахмети ја коментираше одлуката на првостепениот суд за случајот Куманово нагласувајќи ја итната потреба за да спроведе меѓународна истрага за случајот, да се разменат важни информации со Косово и Албанија, да се формира анкетна комисија во Собранието, слично како за случај „Сопот“, со цел целосно расветлување на случајот, вклучувајќи ги мотивите и организаторите, без да се остават нејаснотии, соопшти ДУИ.

– Во наредните денови очекуваме и заокружување на нормативниот дел на Охридскиот договор преку јазична еднаквост, додека ДУИ останува посветена да го води реформскиот процес во земјата преку спроведување на итните препораки на Европската комисија, но и градење добрососедски односи и надминување на споровите што ќе го отвори патот кон Брисел – велат од ДУИ.

Ахмети ги оценил изборите како демократски, слободни и прифатливи за сите страни и нагласил дека земјата има потреба за обединета и конструктивна опозиција во поддршка на реформите и прогресивните процеси во земјата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This