Шефот на СЗО бара да се запpe со вakцинирањето со трета доза: Бара дво- месечен мораториум на дозата зacилувач

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на Светската здравствена организација повика на двомесечен мораториум за администрирање на третата доза вакцини против КОВИД-19.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус го предложи потегот како средство за намалување на глобалната нееднаквост во вакцинирањето и спречување појава на нови варијанти на коронавирус.

Д -р Тедрос рече дека е „навистина разочаран“ од обемот на донации за вакцини ширум светот.

Многу земји се борат да обезбедат прва и втора доза за само дел од нивното население, додека побогатите нации одржуваат растечки залихи на вакцини.

Д -р Тедрос ги повика земјите што нудат трети дози на вакцина „да го споделат она што може да се користи за зајакнување на капацитетите за вакцинација на другите земји, за [тие] да можат да го зголемат окривање со вакцинацијата со прва и втора доза“.

Неколку земји, вклучувајќи ги Соединетите држави, Израел и Унгарија, како и други во Европа, Блискиот Исток и Азија, веќе нудат или планираат да им понудат на своите популации дози засилувачи за КОВИД-19.

Извор: Еј-Би-Си Њуз

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This