April 20, 2024, 11:42 am

ШЕФОТ НА СТРАТЕШКАТА КОМАНДА НА ПЕНТАГОН: Русија навистина има суперсонично оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на стратешката команда на Пентагон, генерал Џон Хајтен, изјави дека американската армија ги надгледува Русија и Кина како експериментираат со суперсонични проектили за различни цели.

 

Тој рече дека не може да каже какви се техничките карактеристики на овие ракети, ниту да го откријат начинот на кој САД добиваат такви информации. Тој, сепак, препорача внимателно да се следат најавите на Москва за производство на модерно оружје.

“Ние треба да веруваме на изјавите на Владимир Путин “, вели генералот, и весникот “Дефенс Њуз”.

Весникот вели дека Хајтен не спомена дали Руската ракета е во фазата на дизајнирање или веќе во фаза на употреба, но весникот истакнува дека очигледно генералот ги сфатил изјавите на Путин многу сериозно.

Генералот додаде дека во изминатите години, САД, исто така, тестирале суперсонично оружје, но дека тестовите морале да бидат запрени, бидејќи тие не биле успешни.

На 1 март, рускиот претседател Владимир Путин им го претстави на Сојузното собрание најновите видови на руско оружје кое нема свој пандан во светот. Станува збор за ракетениот комплекс “Сармат” подводните беспилотни летала “Посејдон”, крстосувачката ракета “Буревесник” ракетениот комплекс “Кинџал” и ласерско оружја.

Тој, исто така, изјави дека е креирано суперсонично оружје од системот “авангард”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This