ШЕШЕЉ НАПРАВИ СКАНДАЛ: Го газел Хрватското знаме, ја пцуел Хрватската делегација во Собранието – Хрватите си заминале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По инцидентот во Белград, кога Воислав Шешељ ја пцуеше хрватската делегација која претстојува во посета на Србија и го газеше хрватското знаме во српското собрание, делегацијата на Хрватска ја откажа средбата со министерката Јадранка Јоксимовиќ и се повлече во зградата на хрватската амбасада во Белград

Претседателот на Хрватскиот сабор Гордан Јандроковиќ денес ја започна дводневната службена посета на Србија, со средба со претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ.

Претседателот на Српската радикална страна Воислав ШЕшељ ја пцуеше хрватската делегација која претстојува во Србија и го газеше хрватското знаме, соопштија од партијата.

„Шешељ на влезот на Народното собрание го здогледа хрватското знаме, притрча, го турна и проба да го искине знамето, а тогаш тој и пратеникот Филип Стојановиќ го газеа“, се наведува во соопштението.

Шешељ потоа влегол во собранието, каде се наоѓала делегацијата на Хрватскиот сабор. Тој, како што наведуваат радикалите, пришол и рекол дека го „изгазил усташкото знаме“ и упатил пцовки.

– И покрај многу добриот почеток на официјалната посета и решеноста да се направи се најдобро за подобрување на односите на двете земји, поради овој чин, со кој сериозно е повредено достоинството на Република Хрватска и на хрватскиот Парламент, ја прекинавме посетата – вели Јандриќ.

Од Хрватската влада соопштија дека тоа било нецивилизиран и неприфатлив однос.

 

Sramotni ispad ratnog zločinca Vojislava Šešelja

Sramotni ispad ratnog zločinca Vojislava Šešelja!

Posted by Index.hr on Wednesday, April 18, 2018

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This