ШЕЌЕРИНСКА НА ПРОСЛАВАТА НА ГОДИШНИНА НА НЕЈЗИНОТО УЧИЛИШТЕ:Шекеринска со уште двајца соработници славеше 50-годишнина на „Песталоци“, Димитров оправдано отсутен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера прослави 50-годишнина од постоењето на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во скопската населба Буњаковец, општина Центар, каде што министерката за одбрана ги има поминато своите училишни денови.

Со неа заедно на фотографијата, која ја објави на „Фејсбук“, се и Паула Дабовиќ, најблиската соработничка на министерската Шекеринска, како и Лидија Јанчовска Христова, портпарол на Министерството за одбрана. Со нив од иста генерација на фотографијата на Шекеринска е и Олга Панго, директор на Македонска опера и балет.

„Мојата генерација од Песталоци! Среќни што сме повторно заедно!“, напиша Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.

Во ова училиште кое е изградено со швајцарска донација по скопскиот земјотрес и во таа чест го носи името на познатиот швајцарски педагог има учено и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не дојде на прославата затоа што се наоѓа службено во Романија.

„Поради обврски во Романија, за жал денес ќе го пропуштам дружењето по повод 50 годишнината на нашето училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”. Еден голем филозоф вели никогаш да не го заборавиме детето во себе. Толку многу должам за ветерот во едра, на мојата учителка Душка и на сите други прекрасни педагози во Песталоци. Тие беа како лакот за стрелата: ни дадоа добар правец и сила да се впуштиме во животот.

Вечно благодарен, Никола“, напиша Димитров.

Инаку забавата во училишниот двор траеше до доцна со програма и познати бендови за најмалите, но и за повозрасните кои одамна тука го завршиле основното образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This