ШЕЌЕРИНСКА ОДБИЛА ДА ПРИСУСТВУВА НА КАРПАЛАК: За да не ги навреди Албанските екстремистички структури, Шеќеринска не присуствуваше на Карпалак!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постојат зборови со кои може да се опише плукањето по жртвите на борбата за Македонија, и тоа почнувајќи од жртвите на Илинденското востание, преку АСНОМ, па конфликтот со албанските терористички банди во 2001-та, и сквернавењето на жртвата на полицајците кои по вина на Зоран Заев и неговите косовски другарчиња загинаа во Диво Насеље

Денес, без никаков срам наместо министерот за одбрана на Р.Македонија Радмила Шеќеринска да биде предводник на делегацијата за оддавање на почит на жртвите кај Карпалак, таа го испрати државниот секретар, кој во оваа пригода наместо со темна облека, се појави во одело достојно за Муртинска игранка, а не за оддавање на почит на жртви кои загинале за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Шеќеринска во ниту еден момент не почувствувала потреба, ниту одговорност дека токму таа, како мајка која би требала да сочувствува со семејствата на загинатите, да се појави на чествувањето на овој трагичен ден за Македонија. Напротив, таа тргнала од политичките калкулации.

Од извори во СДС дознаваме дека, Радмила Шеќеринска била советувана да не присуствува на одбележувањето на годишнината од трагедијата кај Карпалак, бидејќи сакала во очите на коалиционите партнери да биде впечатлива како човек кој не се согласува со „борбата против УЧК“ и битката за нивните права.

Ова во престрет на воведвуањето на двојазичност во Македонија како чекор кон федерализација, што и беше основната причина за воениот конфликт во 2001-та, но и поради флертување со гласовите на националистичките и екстремистички албански структури, од кои СДС очекува гласови на претстојните локални избори.

Таа одлучила да не присуствува за да не го наруши угледот помеѓу овие радикални Албански структури, па затоа плукна по жртвата на Македонските бранители од 2001-та.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This