ШЕЌЕРИНСКА ПО ВТОР ПАТ ЛИ ЌЕ НЕ ПРОДАВАШ НА ФИЈАТ: Македонец-муслиман во отворено писмо ја „дроби“ Шеќеринска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искрен да бидам мотивиран сум од писмото од Лабуништа пишувано во врска со посетата на Радмила Шеќеринска па морав и јас од дебарскиот регион и реканскиот регион да пишам. Се осеќам како исто да сме рекански, дебарски и струшки регион. Ние сме сите исти луѓе, повеќето од нас се Македонци-муслимани, но има и Албанци, Турци и Македонци-христијани и други има но истите маки ги делиме – стои во писмото на Алмедин Шаиноски

Radmila-Sekerinska

Сакам да напишам за Река, Дебар, Ц Жупа, Могорче, Жировница, Битуше, Ростуше.. Ве молам да ме послушате!

Многу убаво се сеќавам во 2002 година, кога истата Радмила заедно со нејзиниот поранешен Шеф Бранко Црвенкоски од Град во Град од Село во Село ветуваа по еден вработен од секое семејство и што се случи? На 11 септември 2002 години СДСМ победи на тие избори и ја доби целата власт во Р.Македони на 15 Ноември беше формирана новата влада предводена од СДСМ после неколку дена во Дебар беа избркани 69 луѓе од своите работни места од ЕЛЕМ, ЕСМ и Фонд за здравство наместо да вработуваат по еден од семејство тие избркаа по еден од семејство.

Ниту едно евро не беше вложено за некој проект во овоие региони во нивното владение едно метро асфлат не се фрли никаде, ниту едно училиште не се реновира, да не зборуваме за болница и други работи.

Како уште имаат лице да се појавуваат во овие региони и да ја бараат поддршката од народот? Не продадоа на Фијат да си игра со нас како сака! Демек за муслиманите тој е одговорен! Е од каде и како може Фиат да е одговорен за Муслиманите. Па тој не е Македонец-муслиман, не е ни Албанец, тој е нешто трето кое го промовира а тоа нешто не постои никаде.. Некако збунат, сопнат човек оставија да биде задолжен за нас.

И после 4 години имаа 0 проекти!

Ама како да не! Не е вистина – Фијат искористи, уште двајца тројца си направија добри проектчиња, персонални, за нив.. Ете и Шеќерка си направи бонбона бизнис!

Ние во овај регион знаеме што значеше тој бонбона бизнис од Шеќеринска кога падна првиот голем снег!

И сега да ве прашам: Како не ви е страм да идете и да барате гласови од нас! Што си викате во вас? Овие се попрости и ќе гласаат…

Радмила Шеќеринска – прва работа е да знаеш едно нешто! Ние сме Македонци-муслимани. Ние сме супстракт на оваа држава исто колку што си и ти и МАЛКУ повеќе. Тоа што бевме оставени и заборавени, напуштени како сирачиња е едно.. но вашето време помина!

Денес ние сме на јасно кој ни го сака доброто а кој тера ситнопартиски интереси! Можете и кај нас да дојдете, ќе ве пречекаме, и чај ке ви дадеме и јадење но глас не!

Како што кажа пријателот од Лабуништа ете и јас да ви кажам, ВМРО-ДПМНЕ ни помогна за прв пат да добиеме инфраструктурата каква што заслужуваме. Асфалтирани се сите локални патишта во време на ВМРО-ДПМНЕ, направена е Спортска Сала во Ростуше, направена е нова Гимназија за општина Маврово Ростуше, со седиште во Ростуше и уште многу други проекти целосно реконструиран Патот од Жировница до Бошков Мост и уште многу други работи кои ни се секој ден потребни. Абе едноставно кажано ВМРО-ДПМНЕ работи со НАРОДОТ!

Во Дебар е направена спортска Сала за средното училиште ЦСНО Здравко Чочковски, го средија патот во С. Могорче во тек е Изградба на Патниот правец Бошков Мост Дебар. Во с. Долно Косоврасти сите локални патчиња-улици се асфалтирани. Во Г. Косоврасти во тек е изградба на повеќенаменско игралиште. Го средија и патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Да ви кажам, јас сум Алмедин Шаиноски родум од дебарско, Македонец, и јас ќе гласам за РЕАЛНИ проекти а не за заблуди и ветувања од вас!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This