ШЕЌЕРИНСКА ЌЕ ЈА ИНДОКТРИНИРА ВОЈСКАТА СО „ШАРЕНА“ ИДЕОЛОГИЈА: Шарени револуционери ги индоктринираат идните офицери на Воената Академија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Шарени револуционери ги индоктринираат идните офицери на Воената Академија“, објавува порталот „Нетпрес“.

Како што пишува „Нетпрес“, додека тимот за односи со јавност на Министерството за одбрана даваше насоки на медиумите да се пренесе секаде веста дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска добила некаков орден од Франција, за кој никој од нас не знае заради каква заслуга го добила, во позадина, далеку од очите на јавноста продолжува со невиден интензитет бруталната партизација во Министерството за одбрана.

Според порталот, на удар е Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде што во научни звања и како предавачи биле избрани голем број на шарени револуционери, на кои министерката мора да им се оддолжи за нивното учество во платеничката „Шарена Револуција“.

Првиот на листата избрани наставници во звање е Горан Василевски, началникот на Военото разузнавање, со чие име се поврзуваат бројни скандали, за кој јавноста веќе знае, а министерката изгледа е единствената која ги нема слушнато, или можеби не сака да ги слушне.

„Овој човек, со смената на власта, успеа да добие повисок чин, да си го врати безбедносниот сертификат (кој му беше одземен заради безбедносни инциденти), да стане раководител на военото разузнавање, па дури и да биде избран за предавач на Воената Академија. Успон до звездите за помалку од една година“, пишува „Нетпрес“.

Второто име кое предизвикува интерес е Тони Петрески. Докажан шарен револуционер, партиски војник од највисок степен на СДСМ, член на Комисијата за одбрана на СДСМ. Во јавноста познат како неуспешен кандидат за градоначалник на Прилеп. И тој успева да се вдоми како предавач во Воената Академија.

За крај, на кратко да го прокоментираме и изборот на Игор Ѓорески за предавач на Воената Академија. Од помлад соработник во Секторот за политика и планирање, избран е за да им предава на идните офицери на АРМ. Не треба да зачудува фактот што од минатиот месец и неговата сопруга е унапредена во советник за кадровски менаџмент во Секторот за човечки ресурси. Изгледа, најпрво го изменаџирала својот сопруг. Инаку, и двајцата докажани шарени револуционери, како што може да се види на сликата на која се заедно со Петрески . Ова е само уште еден показател дека дојде животот за само мал дел од оние кои одеа по улиците, кршеа и фарбаа, а најголемиот дел од шарените револуционери останаа изманипулирани и со прстот во уста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This