ШИК „ЈЕЛАК“ ЌЕ СЕ РЕСТАРТИРА: Со програмата „Реално“ е предвидено рестартирање и на ШИК „Јелак“ од Тетово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено и рестартирање на некогашниот гигант ШИК „Јелак“ од Тетово, фабрика која беше жртва на транзиционата политика на СДСМ поради кој многу граѓани од Тетово и тетовско останаа без работа и животна егзистенција.
hhhhhh-1-640x363

Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека поради многуте такви стопански капацитети кои беа опустошени во времето на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со сет на мерки кои предвидуваат рестартирање на овие капацитети.

-ВМРО-ДПМНЕ во својата проеграма го предвиде проектот „Рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата“. Со цел рестартирање на стопанските капацитети кои беа опустошени во транзицијата во 90-те години во програмата 2017-2020 година се предвидува проект „Рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата“. Со овој проект е опфатена и фабриката ШИК„Јелак“ од Тетово пред која сме и денес. Со оглед дека овој проект овозможува големи поволности што се даваат на инвеститорите очекуваме нејзино рестартирање и повторно вработување на многу тетовци во неа, посочи Манојловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This