March 29, 2024, 10:48 am

Шилегов: Бутел најбрзо се развиваше во изминативе четири години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Бутел денес е една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој денеска оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина.
Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите четири години.
– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска, додаде Шилегов.
Како што кажа, во план е пробивање на булеварот „Хрватска“ и продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров, и со тоа, вели, северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина.
– Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“ до „Естекада“. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.
Шилегов истакна дека изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре и ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This