Шилегов: Во Шуто Оризари се инвестира интензивно првпат по подолго време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари Асан Ферат вечерва имаа средби со граѓаните од оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Шуто Оризари, Нежиме Саитова.
Шилегов посочи дека во Шуто Оризари се инвестира интензивно првпат по подолго време. – Ја реконструиравме улицата „Индира Ганди“ во должина од 1.900 метри од крстосницата со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“ до крстосницата со улицата „Нов живот“, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри, истакна Шилегов.
Тој информира дека во рамки на програмата за одржување сообраќајници на ЈП „Улици и патишта“ преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците „Рељо“, „Кипарска“, „Брегалничка“, „Демирхисарска“, „Вашингтонска“, „Карабуница“, „Злетовска“…
– Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациска мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето „Шаип Јусуф“ и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари, нагласи Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и раззеленети се 210 жардиниери.
– Заради буџетските рестрикции во услови на пандемија проектот за Културен центар во Шуто Оризари беше одложен, но ќе биде повторно вратен во програмите за проектирање и изведба на објекти на Град Скопје. Шуто Оризари е општината со најбогата и најшаренолика автентична култура во целиот град и нејзините уметници, особено музичките, заслужуваат шанса да творат во институција со сите услови. Овој културен центар е од непроценливо значење и за кандидатурата за Европска престолнина на културата 2028, најави Шилегов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This