Шилегов го нарече Дурловски фaшиcт и го спореди со Шешељ и Менгеле, Дурловски му кажа кај му е местото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Вин Вин“ упати навредливи зборови кон Игор Дурловски нарекувајќи го фашист и споредувајќи го со Шешељ и Менгеле.

Заслужи да биде опишан како фашист. Дурловски е фашист. Дурловски предводеше група која влезе во Собрание да убие пратеници. Мојата перцепција е таа. Судот во Хаг кажа дека Шешељ не е крив. Вие верувате дека Шешељ не е крив и не е фашист?! Неговата реторика доведе до војни на Балканот во деведесеттите. Реториката на овој човек доведе до влез на луѓе во Собрание. Што е проблемот, не може да е фашист некој што бил оперски пејач?! Менгеле бил доктор, рече Шилегов.

Дурловски реагираше на навредите кои му ги упати Шилегов, и индиректно му порача дека местото му е во затвор.

„Градоначалникот на Скопје продолжува со навреди кон мене и во интервју во “Вин-вин” ме нарекол фашист. Петре, слушај вака, таму кај што сум прошол ти допрва треба да одиш, а не мислам на светските оперски сцени.“, порача Дурловски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This