ШИЛЕГОВ ГО НЕМА СО РЕАКЦИЈА, КУЧИЊАТА ДИВЕАТ: Уште една жена искасана од улични кучиња, одговорност сеуште нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само неколку дена неколку немили настани ги потресоа скопјани. Улични кучиња напаѓаат во речиси секоја населба, а граѓаните барат одговорност од надлежните затоа што почнаа да живеат во страв.

Тргнала на работа, заврши на Ургентен

Млада скопјанка која вчера наутро тргнала за на работа, заврши на Ургентен.

Во 05:45 часот, младата скопјанка била крвнички нападната од неколку улични кучиња. Нејзиното семејство ја контактиташе редакцијата на КУРИР за да информира за хоророт кој таа го преживеа и преку нашиот портал да побара одговорност од надлежните.

Во центарот на Скопје, кај катната гаража во близина на „Рамстор“, се движела кон блиската автобуска станица. Наеднаш околу неа се собрале неколку улични кучиња, но таа продолжила мирно да се движи бидејќи воопшто не очекувала дека  ќе биде нападната. Кучињата ја нападнале и почнале да ја гризаат по нозете. Преплашена и со болка, едвај успеала да побегне од нив.

Како што ја информира нејзиното семејство редакцијата на КУРИР, помош побарала во амбуланта, но од таму ја препратиле на Инфективната клиника. Една рана на нејзината нога била поголема, па од Инфективна била препратена на Ургентен центар за раната да биде исчистена. Од таму, повторно била примена на Инфективна. Ги има извадено сите лекарски документи за повредите.

Младата скопјанка која е мајка на малолетно дете од вчера живее во страв. Низ тој пат каде беше нападната од кучиња треба да поминува секој ден движејќи се кон нејзиното работно место. Стравува и за безбедноста на своето дете кое често си игра на улица. До сега не се плашела од кучиња, но по вчерашното случување, е во паника и страв.

Град Скопје треба да исплаќа отштета на нападнатите граѓани!

Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Во октомври годинава 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина.

Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници.

Од ЈП „Комунална хигиена” велат дека откако граѓанин ќе пријави кај нив дека е каснат од куче скитник, службите веднаш излегуваат на терен за да го најдат кучето и да проверат дали има беснило.

За каснувањето, граѓанинот може да бара отштета која ЈП „Комунална хигиена” и Градот Скопје солидарно ја делат.Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.

 

 

Неколку дечиња станаа жртва на кучиња-скитници

Куче напуштено од својот сопственик касна две жени и четири деца.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски” во пределот на левото рамо и лева надлактица.

Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто така е и четвртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.

 

 

Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.

Кучето беше заловено во Ново Лисиче и процесирано во стационарот Вардариште.

Триесет и шест годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14:30 часот биле нападнати и искасани од куче на улицата „Перо Наков” во Скопје.

Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење.

Дневно во просек во Скопје се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, дел од нив повторно се враќаат на улица, дел се евтанизираат, а дел завршуваат во домовите на скопјани. Кучињата што и по две недели нема никој да ги удоми, се враќаат на местото од каде што се уловени.

И дедо во Драчево искасан од кучиња

Постар маж од Драчево беше искасан од улични кучиња поради што побарал помош во локалната амбуланта.

70- годишниот О.Н го пријавил случајот пред неколку дена.

Рано утрото додека се движел со велосипед на улица „Коперникова“, од страна на три кучиња скитници бил бутнат од велосипедот, а потоа бил каснат во пределот на надколеницата на левата нога.

Потоа се упатил во поликлиниката Драчево, каде побарал лекарска помош.

 

 

Врие на социјалните мрежи, дебатите излегоа од контрола!

Жестоки дебати се водат на социјалните мрежи деновиве откако повеќе лица меѓу кои најголем дел деца, беа нападнати и искасани од улични кучиња.

Се оди од крајност во крајност- едни бараат отров за уличните кучиња, други ги обвинуваат децата. Едно е сигурно: Револтот е голем, стравот уште поголем.

Мајки пишуваат дека се плашат да ги пуштат своите деца на улица за да не бидат нападнати од улични кучиња. Од Здруженија за заштита на животните во своите коментари ги напаѓаат загрижените граѓани велејќи им дека човекот е виновен што тие кучиња завршиле на улица. Дебатите се жестоки и излегуваат од контрола со навреди, закани, заплашувања. Но едно ги сплотува сите страни – одговорност бараат сите!

Не истурајте отров, можат да настрадаат и деца!

Поради огромниот револт што надлежните не превземаат ништо, неколку граѓани се одлучија поставувајќи отров во храна да ги трујат уличните кучиња. Освен што е крајно нечовечки, овој потег е огромна опасност и за деца.

Злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа здравство, за оваа намена најчесто се користат пестициди или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This