ШИЛЕГОВ ДА ДАДЕ ОТЧЕТ: Да објави што вети, а што сработи и колку ги излaжа скопјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов нема никаков отчет за сработеното, тоа е од едноставна причина бидејќи над 90 проценти од ветувањата не му се исполнети. Поминуваат полни две години, а Шилегов се крие да даде отчет бидејќи освен kpиминал и измaми нема направено ништо за Скопјани. За време на Шилегов Скопје стана нeславен рекордер во светот по зaгaдениот воздух. 2.000 луѓе годишно yмирaат поради зaгaдувањето, стои во соопштението до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Оттаму додаваат дека нема ниту еден проект кој Шилегов го планираше, проектираше и отпочна со реализација.

„Додека реконструкцијата на улиците стана извор на kopупција од која најплатени се струмичките компании блиски до власта. Шилегов не прави отчет затоа што ништо не сработи. Нема отчет зошто нема ништо од ветувањата за продолжување на Илинденска, кружен тек кај „Мавровка“, продолжување на „Словенечка“, шеталиште кај Кејот до ГТЦ наместо автопат, нов Луна Парк, но затоа имаше скапа прослава за нова автобуска кај ГТЦ и никна бетонски ѕид на кровот на ГТЦ. Го повикуваме јавно на прес конференција да објави што вети и што несработи, да каже колку ги излажа скопјани и зошто е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This