Шилегов е caмобендисан и лицемepeн: Бени Шаќири yдpи по градоначалникот на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рокерот Арбен Шаќири, кандидатот на ДОМ и ЛДП за градоначалник на Скопје, рече дека со носителот на листата за советници, микробиологот Никола Пановски, може да направат „чуда“ по локалните избори доколку ја добијат довербата од граѓаните.

„Стабилен, паметен е и предизвик е да се работи со таков човек, можам да кажам слободно дека и тој е рокер. ЛДП го номинира него, а за мене понудата е од ДОМ. Луѓето дојдоа со молба, ајде да понудиме гратска нормална варијанта.

Кога дознав за Пановски, си реков дека сум направил паметен потег. Знам дека ќе бидеме одлучни и храбри со одлуките, не сме обременети со партиски директиви, можеме да бидеме слободни во прифаќањата на идеите, рече популарниот Бени во дневникот на Сител.

Шаќири рече дека би се погрижил за хигиената на градот, за ноќниот живот и секогаш би бил отворен за граѓаните.

Вели дека нема партиска книшка иако долги години бил поддржувач на СДСМ и учествувал на сите предизборни кампањи од 2002, а за актуелниот градоначалник Петре Шилегов смета дека три и пол години бил пасивен.

„Не знам за кој Шилегов зборувате, на последните два три дена има сосема подруг пристап, не можам да знам за кој Шилег ме прашувате. Ние сме познаници, не сме пријатели“, смета Шаќири.

Неговото мислење за Шилегов е дека е самобендисан и дека во вториот круг не би ги добил неговите гласови.

„Најмногу ми пречи лицемеритео, пасивен беше три и пол години, и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година“, додаде тој.

За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.

„Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор“, се навраќа Шаќири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This