Шилегов за Максо од Куманово: Неспособен и популист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Град скопје, Петре Шилегов, во денешното гостување во дневникот на Сител зборуваше за актуелните случувања во градот меѓу кои и украсувањето на градскиот плоштад кој граѓаните ги чинеше 200 000 евра и тоа во период на светска пандемија од која Македонија е сериозно погодена како од здравствен, така и од економски аспект.

Дополнително, десес Владата донесе нови рестриктивни мерки со кои работното време на угостителските објекти се ограничува до 18 часот и се препорачува граѓаните да останат дома исто така по 18 часот, со што се воведува неформален полициски час, што значи дека сите тие украси и светилки, всушност, никој нема да ги види.

На прашањето на водителката, зошто финансиските средства кои ги потроши за украсување на градот не ги пренамени за помош на семејствата погодени од кризата, како што постапи неговот сопартиец, градоначалникот на Куманово, Шилегов одговори некои градоначалници се неспоспобни и не успеале да го направат сето она што тој го направил во последните месеци, нагласувајќи дека е обезбедена помош за децата кои немале услови да ја следат онлајн наставата.

За градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, Шилегов рече дека е неспособен бидејќи не успеал на време да набави компјутери за децата, па сега се крие и со популизам да ја прикрие неспособноста.

„Тоа што некои градоначалници беа неспособни да тоа го обезбедат во текот на септември и сега се кријат во популизмот, па макар биле и мои сопартијци, и сеа глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедуваме компјутери, затоа не китиме.. Не, тоа е неспособност на дотичниот градоначалник, да ги обезбеди компјутерите на време.“, изјави Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This