Шилегов: За четири години изградивме повеќе инфраструктура и суштински проекти отколку за 27 години претходно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го градевме Скопје со срце, изградивме повеќе инфраструктура и суштински проекти отколку за 27 години претходно, работевме само според приоритетите на граѓаните и вложувавме одговорно онаму каде што треба. Скопје станува модерен, организиран, силен град на 21 век, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на собир со граѓаните на Скопје.

Шилегов додаде дека за овие четири години е научено многу.

Она што сигурно го знам е дека ништо не се постигнува брзо и лесно како што најавуваат некои, туку со многу работа, труд, планирање и долгорочно вложување. Проектите што ги спроведуваме нудат решенија на проблемите за следните 50 години. Тоа не може да се реализира ниту брзо ниту лесно како што вели кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – вели Шилегов.

Тој изјави дека одговорноста кон Скопје се мери со тоа колку се вложува во неговиот развој, во зелените оази и паркови, одговорноста се мери и според квалитетот на воздухот кој драстично е подобрен.

Одговорно е да се донесе нов ГУП каде Скопје ќе биде град без тешка индустрија. Скопје кое ќе има најсовремен градски превоз, создавајќи ја најголемата пешачка зона во Европа. Тоа е квалитетна визија на градот, тоа е одговорност за градот и граѓаните – изјави Шилегов.

Тој најави дека во следните четири години Скопје целосно ќе се промени.

Скопје за четири години од денес ќе биде град без метеж со целосно нови сообраќајни решенија. Скопје ќе биде град без загадување, Ако за четири години успеавме да го намалиме за 33%, за уште четири можеме прашањето да го елиминираме. За четири години од сега ќе се шетаме по 70 хектари пешачка зона во центарот со многу зеленило и слободен простор – изјави Шилегов.

Тој најави дека за една година од сега Скопје ќе има нов ГУП, кој ќе гарантира дека никој повеќе нема да го злоупотребува Скопје за приватни цели, кој ќе гарантира хумана урбанизација надвор од центарот на градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This