April 16, 2024, 10:14 pm

ШИЛЕГОВ ЛAЖE ЗА ГРАДСКАТА КУЌА: И маалските кучиња скитници знаеа дека ќе ја трампа за зградата на ЕВН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ја продаде новоизградената градска куќа за 12.7 милиони евра. И маалските кучиња скитници знаеа дека ќе ја трампа за зградата на ЕВН. Шилегов во изминатите неколку месеци користеше исклучиво два аргументи за продажбата на Градската куќа.


1.Таму не било место за Градската куќа.

2. Нема доволно место за сите вработени во Град Скопје.

Што се однесува до првото би сакал да го поставам следното прашање. Ако грбот на Град Скопје се состои од Камени Мост, реката Вардар и Калето, која е подобра локација за градската куќа од онаа под Калето, ведаш до реката Вардар и на едвај 100 метри од Камениот Мост?

Што се однесува до вториот аргумент на градоначаникот Шилегов би сакал да прашам уште едно логично прашање. Дали сите тела, сектори и регулаторни тела на министерството за финансии или министерството за економија не се наоѓаат во ист објект или зграда? Одговорот е не, па така и во градската куќа нема потреба да бидат сместени сите вработени во град Скопје.

Градска куќа треба да служи за креирање на градските политики и стратегија, за прием на делагации и гости. Особено што локацијата на веќе продадената градска куќа е идеална за секој граѓанин на град Скопје да може да отиде и да заврши работа, а има и паркинг за околу 100 возила, додека зградата на плоштадот не само што нема паркинг нема ниту пристап на главна улица. Особено ако се земе во предвид иницијативата за затворање на ул. Димитрија Чуповски(од Палома Бјанка до Собрание) за редовен сообраќај, за сметка на проширувањето или непроширувањето на ул.Даме Груев.

Оттука, новата градска куќа или старо ЕВН ќе биде прилично недостапно и непристапно за граѓаните да ги обават своите обврски кон градот. Единствено Шилегов со својот удобен автомобил ќе може да се паркира пред новата зграда на плоштадот.

Фејсбук статус на советникот во град Скопје и портпарол на ГРОМ, Александар Трајановски.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ја продаде новоизградената градска куќа за 12.7 милиони евра. И маалските…

Posted by Александар Трајановски on Wednesday, November 6, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This