ШИЛЕГОВ НЕМА СЛУХ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Одбиени сите 70 амандмани на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје во интервју за Слободна ТВ говореше за буџетот на Град Скопје. При што таа посочи дека споредено со 2019-та година предложениот буџет на Град Скопје за 2020-та година се зголеми за 12%. Вкупно се предлага буџет од 7.3 милијарди денари. Тој буџет е мeгаломански градоначалникот сака да го донесе на сила не за доброто на граѓаните туку за да ги вработи своите партиски вojници сега токму пред парламентарните избори.

-Раcправата за буџет почна во 11 часот меѓутоа опозицијата ја заврши во 22 часот. Заради тоа што сметавме дека врз основа на предлог буџетот на Град Скопје треба да поднесеме амандмани. Амандманите не се лично свои на советниците на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери. Ние сме секојдневно во комуникација со граѓаните и гледавме секој амандман да биде поткрепен врз основа на се она што се вели основни потреби на граѓаните за едно нормално функционирање во градот Скопје, појасни Колариќ.

Колариќ додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат поднесено над 70 амандмани, поточно околу 72 – 73 амандмани. Но за жал ниту еден амандман не беше прифатен. Ниту пак имаше идеја да се разговара малку подетално во однос на амандманите. Шилегов нема слух за потребите на граѓаните и буџетот на Град Скопје го носи на своја рака.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This